Solo упатство
Solo упатство
Он.нет тулбар
skopje.on.net.mk

За нас

Профил на компанијата

Водечки интернет провајдер

Основана од група ентузијасти во 2000-та година како најмлада меѓу Интернет провајдерите во Македонија, Он.нет денеска е една од водечките компании на интернет пазарот во Република Македонија. Со својот континуиран раст и развој и позитивен имиџ Он.нет успеа да привлече стратешки партнер и од март 2006 година да стане дел од Групацијата Телеком Словенија која обединува повеќе реномирани компании од полето на телекомуникациите.

Компанијата нуди широко портфолио на производи и услуги за своите резиденцијални и бизнис корисници. Покрај понудата на стандарден терестријален интернет пристап (Dial up, ISDN, Leased line), Он.нет е единствениот оператор во Република Македонија кој обезбедува безжичен широкопојасен интернет пристап со големи брзини и стабилна конекција на целата територија на земјата. Само една година по лансирањето на WADSL (безжичен ADSL) услугата Он.нет успеа да освои дури 26% од пазарот на широкопојасен интернет.

Портфолиото на компанијата вклучува и VPN, видео надзор, VoIP, веб хостинг, колокација на сервер, iSMS и WAP апликации, онлајн маркетинг.

Нов оператор во фиксната телефонија

Во февруари 2007 година Он.нет стана новиот оператор во фиксната телефонија со што направи пресвртница во македонскиот телекомуникациски пазар и им овозможи на корисниците конечно да имаат избор при фиксни телефонски разговори во земјата и странство.

Услугата 1010 Избор на оператор првенствено е наменета за домашни корисници и мали бизниси, а услугата Предизбор на оператор дизајнирана е специјално за големи бизниси со повеќе претставништва на различни локации. Овие услуги можат веднаш да бидат активирани на постојните телефонски броеви на корисниците, а со инсталирање на VoIP телефонски адаптер корисниците можат да добијат и сосема нов телефонски број од нумерациското подрачје на Он.нет.

Идни планови и цели

Во април 2007 година Телеком Словенија инвестираше дополнителни 4.000.000,оо EUR со што го зголеми својот удел во Он.нет на 83,38%. Средствата ќе бидат искористени за понатамошен развој на компанијата, а пред се за развој на ADSL технологија.

Оваа инвестиција, како и влезот на Он.нет на пазарот на фиксната телефонија ќе придонесат за што поскора трансформација кон целосно интегриран оператор во насока на остварување на мисијата и визијата на компанијата.

Последни новости

  • На 6th SEEITA & 5th MASIT Open Days Conference во Охрид беше успешно презентирана студентската пракса (internship) организирана од Он.нет, во соработка со Александрија.

  • Најбрз интернет и најевтина фиксна телефонија во едно

    Следејќи ги потребите на своите корисници, Он.нет започна со понуда на две атрактивни услуги. Станува збор за комуникациски пакети со кои корисниците добиваат досега најбрз висококвалитетен интернет пристап од Он.нет, заедно со приклучок за фиксна телефонија од Онтел. Сето тоа доаѓа на една сметка, без претплата и без дополнителни трошоци кон Телеком.

  • Ontel

    На 12 мај официјално со работа започна Онтел, вториот фиксен оператор во Македонија. Тој ќе нуди производи во рамките на фиксната телефонија, со нови и најповолни услови за своите идни корисници.

On.net © 2000-2008