Solo упатство
Solo упатство
Он.нет тулбар
skopje.on.net.mk

Помош и поддршка

FAQ


Solo mini
Дали може корисникот да користи свој модем?

Не, корисникот треба да подигне опрема од продажните места на Он.нет или од овластен партнер на Он.нет (доколку сам ја инсталира), или пак ќе му биде донесена при инсталација од овластено лице на Он.нет.

За колку дена од склучување на договорот услугата ќе биде активирана?

Во рок од 10 работни дена.

На која технологија е базиран, на ADSL или безжична?

На ADSL технологија.

Каде може да се склучи договорот?

Во сите продажни места на Он.нет и кај овластените партнери на Он.нет.

Кој документи се потребни за склучување на договорот?

Лична карта од корисникот и копија од телефонска сметка.

Кој може да склучи договор?

Договорот може да го склучи секое физичко лице што има над 18 години со приложување на последната телефонска сметка (платена) за фиксниот телефонски број каде ќе се користи услугата. Лицето на чие име ќе гласи договорот не мора да биде исто со лицето на чие име гласи телефонската сметка.

Каква IP адреса се добива, статичка или динамична?

Динамична IP адреса.

Колкава е брзината на upload?

256 kbps

Дали се пренесува непотрошениот сообраќај во следниот месец?

Не, непотрошениот сообраќај не се пренесува во наредниот месец.

Кога се рестартира бројачот на тарифирање на трансферот?

Бројачот се рестартира на секој 1-ви во месецот.

Што ќе се случи по надминување на утврдениот месечен сообраќај за конкретниот пакет?

По надминување на утврдениот месечен сообраќај за секои следни 512 MB  започнат сообраќај дополнително се наплаќа по 99 денари. (117 ден. со ддв.). Брзината на конекцијата останува иста како и во претходниот период.

Ако опремата има дефект во текот на траењето на договорот, односно користењето на услугата, опремата ќе биде поправена или заменета.

Во чија сопственост е опремата?

Опремата е во сопственост на Он.нет за цело времетраење на договорот, односно користење на услугата, а корисникот ја добива бесплатно на користење. Кон опремата корисникот треба да се однесува како добар домаќин.

Дали актуелен корисник на Wadsl 10, Wadsl 15, ТИНWadsl, Solo 3, Solo 15 или Solo 101 може да мигрира кон Solo mini?

Не може. Но Solo mini корисник може подоцна да мигрира на било кој од овие пакети согласно условите и процедурите за миграции.

Дали и при-пејд корисник на фиксна телефонска линија од МТ може да добие Solo mini пакет од Он.нет?

Да.

Дали и корисник на фиксна телефонска линија од МТ која е исклучена во еден правец на негово барање може да добие Solo mini пакет

Да.

Solo 3, Solo 15, Solo 101
Кој може да склучи договор?

Договорот може да го склучи секое физичко лице што има над 18 години со приложување на последната телефонска сметка (платена) за фиксниот телефонски број каде ќе се користи услугата. Лицето на чие име ќе гласи договорот не мора да биде исто со лицето на чие име гласи телефонската сметка.
Дали и при-пејд корисник на фиксна телефонска линија од МТ може да добие Solo пакет од Он.нет?

Да.

Дали и корисник на фиксна телефонска линија од МТ која е исклучена во еден правец на негово барање може да добие Solo пакет?

Да.

Кој документи се потребни за склучување на договорот?

Лична карта од корисникот и копија од телефонската сметка.
Каде може да се склучи договорот?

Во сите продажни места на Он.нет и кај овластените партнери на Он.нет.
На која технологија се базирани Solo пакетите, на ADSL или безжична?

На ADSL технологија.
За колку дена од склучување на договорот услугата ќе биде активирана?

Во рок од 10 работни дена.
Дали може корисникот да користи свој модем?

Не, корисникот треба да подигне опрема соодветна на избраниот пакет од продажните места на Он.нет или од овластен партнер на Он.нет (доколку избере самостојно да ја инсталира опремата), или пак ќе му биде донесена при инсталација од овластено лице на Он.нет.
Во чија сопственост е опремата?

Опремата е во сопственост на Он.нет за цело времетраење на договорот, односно користењето на услугата, а корисникот ја добива бесплатно на користење. Кон опремата корисникот треба да се однесува како добар домаќин.
Што ќе се случи по надминување на утврдениот месечен сообраќај за конкретниот пакет?

По надминување на утврдениот месечен сообраќај за секој следен 1GB започнат сообраќај дополнително се наплаќа по 90 ден. (106 ден. со ддв.). Брзината на конекцијата останува иста како и во претходниот период.
Кога се рестартира бројачот на тарифирање на трансферот?

Бројачот се рестартира на секој 1-ви во месецот.
Дали се пренесува непотрошениот сообраќај во следниот месец?

Не, непотрошениот сообраќај не се пренесува во следниот месец.
Колкава е брзината на upload?

256 kbps кај сите пакети.
Каква IP адреса се добива, статичка или динамична?

Динамична IP адреса.
Дали актуелен корисник на Wadsl или ТИНWadsl може да мигрира кон новите Solo пакети и како?

Да може, но само кон пакетите Solo 15 и Solo 101 со склучување на нов договор на 12 месеци доколку до истекот на постојниот договор му преостануваат помалку од 12 месеци, односно на онолку месеци колку што му преостануваат од постојниот договор доколку до истекот му остануваат повеќе од 12 месеци. 
Што ќе се случи со Wadsl опремата ако мигрирам на некој од Solo пакетите?

Бидејќи Wadsl опремата е во сопственост на Он.нет и е дадена на корисникот на користење по извршената миграција кон Solo услуга, овластени лица на Он.нет ќе ја демонтираат и повлечат истата.

Колку чини миграцијата кон дргуг пакет?

Миграцијата, повлекувањето на Wadsl опремата и поставувањето на новата Solo опрема чини 999 ден.

Кои се условите за откажување на Solo пакетот?

Условите се дефинирани во договорот и анексот кон договорот.
Дали може да се купи стариот Wadsl пакет?

Да, секој кој е заинтересиран за овој пакет може да склучи договор за негово користење. Он.нет и понатаму ќе продолжи да ја одржува и развива безжичната мрежа низ цела Р. Македонија. Wadsl пакетот е најповолен избор за оние што немаат фиксна телефонска линија или кај кои не постои техничка можност за инсталирање на Solo пакетите.
Предизбор на оператор (CPS)
Што претставува новата услуга на Он.нет предизбор на оператор?

Услугата „ Предизбор на оператор “е услуга во фиксната телефонија која овозможува меѓуградски и меѓународни повици преку мрежата на Он.нет, а наскоро и повици кон претплатниците на мобилните оператори Космофон и Т-Мобиле.

Кој може да ја користи услугата предизбор на оператор?

Сите постоечки претплатници на АД Македонски Телекомуникации од било кој град на Република Македонија можат да ја користат услугата предизбор на оператор.

Како да аплицирам за услугата предизбор на оператор?

За да може да ја користите услугата предизбор на оператор, потребно е барање за засновање на претплатнички однос кое можете да пополните на лице место во продажните салони на Он.нет или преку корисничкиот инфо центар на телефон 02/30 999 30.

Он.нет ДОО Скопје ќе испрати претплатнички Договор на адресата наведена во барањето со првата издадена фактура. Должни сте една потпишана копија од Договорот да ја вратите во Он.нет ДОО. Доколку ова не го сторите во рок од 30 дена од денот на приемот на Договорот, истиот ќе се смета за склучен и валиден.

Како се користи?

Со самото бирање на национален или меѓународен број автоматски сите позиви се префрлаат на мрежата на Он.нет

На пример:

За барање на меѓуградски сообраќај:

  • 047XXXXXX за Битола
  • 046XXXXXX за Охрид
  • 032XXXXXX за Штип

За меѓународни разговори:

  • 00386XXXXXXXX за Словенија
  • 00381XXXXXXXX за Србија
  • 0049XXXXXXXX за Германија
  • 001306XXXXXXXX за Канада
  • 0061XXXXXXXX за Австралија
Како се тарифира?

Тарифирањето е на секој нов блок од 60 секунди.

Национален (меѓуградски) сообраќај кон мрежата на МТ

  • Нормална тарифа * ........................... 2.20 ден/мин
  • Евтина тарифа ** ............................ 1.45 ден/мин

Сообраќај кон мобилните мрежи

  • Нормална тарифа * .......................... 11.79 ден/мин
  • Евтина тарифа ** ............................ 4.71 ден/мин

Меѓународен сообраќај

  • Тарифна зона 1 ................................. 7.00 ден/мин
  • Тарифна зона 2 ................................ 11.00 ден/мин
  • Тарифна зона 3 ................................ 18.00 ден/мин
  • Тарифна зона 4 ................................ 31.00 ден/мин
  • Тарифна зона 5 ................................ 51.00 ден/мин

* секој ден од 08.00 до 20.00 часот
** секој ден од 20.00 до 08.00 часот
Цените се со вклучен 18%ддв

Како ќе плаќам за користењето на услугата предизбор на оператор?

Сметката за сите остварени разговори преку услугата предизбор на оператор ќе Ви биде испратена на корисникот од страна на Он.нет заедно со фактура за плаќање на адресата наведена во Барањето, односно Договорот, по истекот на календарскиот месец (пост-пејд услуга).

Овие разговори АД Македонски Телекомуникации не ги наплаќа од своите претплатници, т.е. тие имаат третман на повик кон таканаречен “зелен број“, па ако имате сервис за детална сметка истите не смеат да се појават со тарифа во тој испис. Останатите разговори што и понатаму ги остварувате преку мрежата на АД Македонски Телекомуникации си ги подмирувате кон АД Македонски Телекомуникации вклучително и нивната претплата.

На што се обврзувам со договорот што го потпишувам?

Со склучувањето на Договорот се обврзувате да ја плаќате месечната фактура за користење на услугата предизбор на оператор во рокот наведен на истата.

Дали ќе можам да ја користам услугата ако имам скриен број?

Да, услугата предизбор на оператор и во овој случај ќе може да се користи.

Доколку имам при-пејд пакет на АД Македонски Телекомуникации дали ќе можам да ја користам услугата предизбор на оператор?

Не. Услугата предизбор на оператор може да се користи само доколку сте претплатник на пост-пејд стандардниот пакет на АД Македонски Телекомуникации.

Кога ќе има можност за локални разговори преку услугата предизбор на оператор?

И во моментов постои техничка можност за локални разговори преку услугата предизбор на оператор, но Он.нет реши да не ги активира поради се уште високата цена за интерконекција со АД Македонски Телекомуникации која не ни овозможува да Ви понудиме поволни цени за овој тип на разговори (цена пониска од 1 ден за минута разговор на локално ниво).

Доколку во иднина дојде до намалување на цената за интерконекција ние ќе го активираме и овој тип на услуга за што ќе бидете навремено известени.

Што треба да направам ако сакам да го раскинам договорот за користење на услугата предизбор на оператор?

Претплатничкиот Договор за користење на услугата предизбор на оператор е на неопределено времетраење, односно може да биде раскинат во било кое време по барање на корисникот.

Дали има потреба да вртам некој посебен број да ја користам оваа услуга?

Не, потребно е да имате потпишано договор со Он.нет и со самото бирање на национален или меѓународен број автоматски сите позиви се префрлаат на мрежата на Он.нет

Избор на оператор (1010)
Што претставува новата услуга на Он.нет 1010?

Услугата „Избор на оператор 1010“ или скратено „1010“ е услуга во фиксната телефонија која овозможува меѓуградски и меѓународни повици преку мрежата на Он.нет, а наскоро и повици кон претплатниците на мобилните оператори Космофон и Т-Мобиле.

Кој може да ја користи услугата 1010?

Сите постоечки претплатници на АД Македонски Телекомуникации од било кој град на Република Македонија можат да ја користат услугата 1010.

Како да аплицирам за услугата 1010?

За да може да ја користите услугата 1010, пополнете го Барањето за засновање на претплатнички однос кое може да го најдете во дневните весници или во нашите продажни салони. Пополнетото Барање испратете го на Он.нет ДОО Скопје, Бул. Партизански Одреди 70/5, п.ф. 205, 1000 Скопје, Република Македонија или донесете го во некој од продажните салони на Он.нет.

Барање за засновање на претплатнички однос можете да пополните и на лице место во продажните салони на Он.нет или преку корисничкиот инфо центар на телефон 02/30 999 30.

Он.нет ДОО Скопје ќе испрати претплатнички Договор на адресата наведена во барањето со првата издадена фактура. Должни сте една потпишана копија од Договорот да ја вратите во Он.нет ДОО. Доколку ова не го сторите во рок од 30 дена од денот на приемот на Договорот, истиот ќе се смета за склучен и валиден.

Како се користи?

Секогаш кога ќе сакате да направи меѓуградски или меѓународен повик, треба да го завртите претходно кодот 1010 со кој ќе го изберете Он.нет како оператор, а потоа саканиот број.

На пример:

За барање на меѓуградски сообраќај:

  • 1010 047XXXXXX за Битола
  • 1010 046XXXXXX за Охрид
  • 1010 032XXXXXX за Штип

За меѓународни разговори:

  • 1010 00386XXXXXXXX за Словенија
  • 1010 00381XXXXXXXX за Србија
  • 1010 0049XXXXXXXX за Германија
  • 1010 001306XXXXXXXX за Канада
  • 1010 0061XXXXXXXX за Австралија
Како се тарифира?

Тарифирањето е на секој нов блок од 60 секунди.

Национален (меѓуградски) сообраќај кон мрежата на МТ

  • Нормална тарифа * ........................... 2.40 ден/мин
  • Евтина тарифа ** ............................ 1.50 ден/мин

Сообраќај кон мобилните мрежи

  • Нормална тарифа * .......................... 11.78 ден/мин
  • Евтина тарифа ** ............................ 4.70 ден/мин

Меѓународен сообраќај

  • Тарифна зона 1 ................................. 7.50 ден/мин
  • Тарифна зона 2 ................................ 12.00 ден/мин
  • Тарифна зона 3 ................................ 19.00 ден/мин
  • Тарифна зона 4 ................................ 33.00 ден/мин
  • Тарифна зона 5 ................................ 56.00 ден/мин

* секој ден од 08.00 до 20.00 часот
** секој ден од 20.00 до 08.00 часот
Цените се со вклучен 18%ддв

Како ќе плаќам за користењето на услугата 1010?

Сметката за сите остварени разговори преку услугата 1010 ќе Ви биде испратена на корисникот од страна на Он.нет заедно со фактура за плаќање на адресата наведена во Барањето, односно Договорот, по истекот на календарскиот месец (пост-пејд услуга).

Овие разговори АД Македонски Телекомуникации не ги наплаќа од своите претплатници, т.е. тие имаат третман на повик кон таканаречен “зелен број“, па ако имате сервис за детална сметка истите не смеат да се појават со тарифа во тој испис. Останатите разговори што и понатаму ги остварувате преку мрежата на АД Македонски Телекомуникации си ги подмирувате кон АД Македонски Телекомуникации вклучително и нивната претплата.

На што се обврзувам со договорот што го потпишувам?

Со склучувањето на Договорот се обврзувате да ја плаќате месечната фактура за користење на услугата 1010 во рокот наведен на истата.

Дали ќе можам да ја користам услугата ако имам скриен број?

Да, услугата 1010 и во овој случај ќе може да се користи.

Доколку имам при-пејд пакет на АД Македонски Телекомуникации дали ќе можам да ја користам услугата 1010?

Не. Услугата 1010 може да се користи само доколку сте претплатник на пост-пејд стандардниот пакет на АД Македонски Телекомуникации.

Кога ќе има можност за локални разговори преку услугата 1010?

И во моментов постои техничка можност за локални разговори преку услугата 1010, но Он.нет реши да не ги активира поради си уште високата цена за интерконекција со АД Македонски Телекомуникации која не ни овозможува да Ви понудиме поволни цени за овој тип на разговори (цена пониска од 1 ден за минута разговор на локално ниво).

Доколку во иднина дојде до намалување на цената за интерконекција ние ќе го активираме и овој тип на услуга за што ќе бидете навремено известени.

Што треба да направам ако сакам да го раскинам договорот за користење на услугата 1010?

Претплатничкиот Договор за користење на услугата 1010 е на неопределено времетраење, односно може да биде раскинат во било кое време по барање на корисникот.

Постои ли можност за при-пејд начин за користење на услугата?

Наскоро ќе биде воведена и можност за при-пејд користење на услугата 1010 при што без склучување на договор само со купување на при-пејд картичка истата ќе може да се користи од било кој претплатнички број во мрежата на АД Македонски Телекомуникации. При-пејд картичките ќе бидат достапни на повеќе од 400 продажни места низ државата.

Wadsl
Дали брзината од 512 Kbps е константна?

Да, во најголем дел од времето.

Што ќе се случи по надминување на 10-те GB трансфер во месецот?

Брзината се намалува, се до започнувањето на наредниот месец кога повторно се поцрнува со 10GB.

Дали ќе се ревидира цената во текот на двете години ако цената на интернет услугата падне?

Да, цената ќе биде ревидирана.

Кога се рестартира бројачот за тарифирање на трансферот?

Бројачот се ресетира на секој први во месецот.

Каде треба да се монтира антената, на тераса или на кров?

Онаму каде ќе одлучи екипата која доаѓа - каде сто е најповолно.

За колку дена по потпишување на договорот може да се монтира антената?

Максимум до 15 дена.

Колкава е брзината на upload?

128Kbps

Каква IP адреса се добива, статичка или динамична?

Динамична.

Дали може да се доплати за поголем трансфер на податоци од 10GB?

Во моментов нема таква можност.

WiFi интернет
Што е On.net WiFi?

On.net WiFi е безжична мрежа што овозможува поврзување на интернет без користење на телефонската линија.

Каква опрема ми е потребна?

Потребен ти е WiFi адаптер. Ви го препорачуваме нашиот WiFi Box.
Инаку опремата од многу производители е компатибилна со нашата мрежа - пробајте го Linksys, D-Link, Trendware, Netgear...

Каков е тој „ WiFi адаптер 802.11b или 802.11g компатибилен“?

Под WiFi адаптер 802.11b или 802.11g компатибилен подразбираме USB, PCI, Pc Card адаптер кој што ги поддржува горенаведените стандарди. Вакви адаптери можат да се купат во подобрите продавници во градот, а ние Ви препорачуваме да го набавите нашиот On.net WiFi Box.

Дали може со било кој USB WiFi адаптер?

Начелно да - препорачуваме да користите USB продолжен кабел за да можете да ги испробате различните позиции низ вашиот стан. Сосема е можно да имате сигнал блиску до прозорот во една соба, но во друга соба да нема воопшто прием.

Каде да ја набавам опремата?

Нашиот WiFi Box го има во Germanos. За другата опрема побарајте во секоја подобра продавница за компјутерски делови во Скопје.

Дали е покриен мојот реон?

Прв чекор е да проверите на мапата на покриеност http://wifi.on.net.mk/wifi.swf Ова е прилично сигурно предвидување. Сепак, големи физички пречки можат значително да го нарушат приемот и затоа пробајте насекаде во станот.

Кога ќе се покрие цело Скопје?

Прегледувајте ја картата секојдневно. Додаваме нови базни станици и тоа може да влијае значително на ситуацијата во вашето маало.

Ограничувањето е 30 дена или 2ГБ. Што после?

Услугата престанува по 30 дена односно по остварувањето на 2GB пренос. Потоа можете да си купите нова картичка.

Is it possible to purchase cads in other stores except Germanos ones in Skopje?

No. Our agreement with Germanos has been an exclusive one.

Дали и кога ќе има WiFi низ Македонија?

Се размислува за проширување низ Македонија.

Дали може да го користиме истиот акаунт од повеќе различни локации?

Може - всушност и една од предностите на WiFi мрежата е во мобилноста и од тие причини може да се конектира на било која точка каде што имаме покривање.

Дали се отворени сите мрежни порти?

Да, сите мрежни порти се отворени.

DNS

ns1 85.30.126.1
ns2 217.16.68.140
ns3 217.16.68.166

E-mail (pop3/smtp)

pop3 mail.on.net.mk
  mail.domain. com/net/org/mk
smtp mail.on.net.mk

mail.domain. com/net/org/mk

On.net © 2000-2008