Languages

  • Macedonian 
  • English 

Solo упатство
Solo упатство
Он.нет тулбар
skopje.on.net.mk

Новости од Он.нет

Практикантите од Aлександрија добија шанса во Oн.нет

1.jpg

22 јуни 2007 год. Он.нет им додели сертификати на 16 студенти на Академијата на Информациони Технологии при едукативниот центар Александрија, за успешно завршена тримесечна пракса во Службата за корисничка и техничка поддршка во Он.нет. Сертификатите на студентите им ги додели Заменик-Генералниот Директор на Он.нет, Сашо Мацановски-Трендо.

Дел од практикантите кои покажаа особен успех за време на изведувањето на стручната пракса веќе се професионално ангажирани во Он.нет како дел од тимот за корисничка и техничка поддршка. Никола Ивановски, до неодамна студент во Александрија а сега дел од Он.нет, по повод доделувањето на сертификатите изјави дека е многу задоволен од тоа што досега го научил од вработените во компанијата и од практичната работа со вистински корисници и дека се надева и во иднина успешно да се справува со работните предизвици.

Раководителот на Службата за корисничка и техничка поддршка во Он.нет, Илија Господинов, потенцираше „Бројот на корисничката база на Он.нет беше особено зголемен во текот на измината година поради што се јави потреба од зголемување на тимот во Службата за корисничка и техничка поддршка, и тоа со кадри чие образование нуди солидна основа за што полесно и побрзо после соодветна обука, односно практична работа, да можат да се вклопат во работата на Службата. Така се роди и идејата за соработка со Академијата на ИТ Александрија за која знаевме дека нуди специфични студиски програми од областа на Информационите технологии, поради што во декември минатата година потпишавме Договор за деловно-техничка соработка.

Директорот на Академијата на ИТ Александрија, Александар Марјановиќ, истакна „Денешниов ден ми е еден од најрадосните во мојата професионална кариера, затоа што професионалното ангажирање на нашите студенти го доживувам како чин на признавање на нашата определба да создадеме кадар според потребите на работодавците. Ова признание е уште позначајно затоа што доаѓа од компанија која со полно право може да се нарече лидер во развојот на комуникациите, компанија која Македонија ја нацрта на мапата на светот како прва безжична земја„.

 

 

Последни новости

  • Ontel

    На 12 мај официјално со работа започна Онтел, вториот фиксен оператор во Македонија. Тој ќе нуди производи во рамките на фиксната телефонија, со нови и најповолни услови за своите идни корисници.

  • job-fair.jpg

    На 17 Март 2008 година се оддржа свечено отварање на Самот за вработување и кариера Job Fair, во организација на БЕСТ (Бордот на европски студенти по технологија). На Саемот, Он.нет зема свое учество со поставување на штанд и презентација на своите услуги.

  • sliki-od-Marko-genij-101.jpg

    Он.нет обезбеди една година бесплатен интернет за 7 годишниот Марко Чаласан од Скопје, кој е за само два чекора пред да го добие третиот сертификат од Microsoft.

On.net © 2000-2008