|
|
Новости од Он.нет
On.net.mk го пренесуваше концертот на Tоше во живо!
Submitted by admin on Tue, 09/04/2007 - 13:33.
Он.нет активно се приклучи и ја поддржа акцијата „Образованието е одговорност на секого“, на Проектот за основно образование на УСАИД, обезбедувајќи стриминг (интернет пренос) во живо на хуманитарниот концерт на најголемата македонска музичка звезда Тоше Проески. Со ова, на сите млади сурфери и сурферки кои нема да успеат да стигнат на Градскиот Стадион во Скопје, каде на 5-ти октомври ќе се одржи концертот, им беше овозможено во реално време да го проследат настапот на нивниот миленик.
Се очекува голем дел од учениците ширум Македонија да организираат „Тоше интернет вечер“ и да го гледаат настапот на својот миленик од своите училишта за кои УСАИД и Он.нет веќе над 2 години обезбедуваат бесплатна интернет конекција. Исто така, најавено е голем број македонски иселенички организации да се приклучат кон иницијативата и онлајн да го проследат концетот на Тоше. Средствата што ќе се приберат со одржувањето на концертот и дополнителните донации ќе бидат употребени за обезбедување на модерни образовни технологии и помагала во училиштата со цел за поквалитетно и посовремено образование. Иако Проектот на УСАИД Македонија се поврзува официјално заврши на 30 септември 2007 година, Он.нет одлучи да продожи со обезбедувањето на бесплатна интернет конекција за сите основни и средни училишта до крајот на годината (31.12.2007) со верба дека во овој период ќе се изнајде најповолно решение за ваквата позитивна пракса да продолжи и во иднина. |
Последни новости
|