|
|
Новости од Он.нет
Доделени наградите за најдобро лого за ученичките тимови за техничка поддршка
Submitted by admin on Mon, 11/19/2007 - 14:29.
17 Ноември 2007 година (среда), во Хотелот Александар Палас на заедничка прес конференција УСАИД, Проектот за основно образование на УСАИД (ПЕП) и Он.Нет ги доделија наградите на основците кои земаа учество во Изборот за креирање на знак, лого по кој ќе бидат препознатливи Ученичките Тимови за Техничка Подршка.
Во рамките на Проектот за основно образование досега се креирани 164 Ученички Тимови за Техничка Подршка кои испратија 168 креативни решенија за лого. Тим составен од претставници на УСАИД, ПЕП и Он.нет направи потесен избор од 11 логоа за кои беше овозможено он-лајн гласање од страна на Он.нет. Според гласовите на учениците најдобри логоа изработија:
На најдобрите тројца дизајнери за време на свеченоста во Александар Палас Он.нет им додели Признанија за бесплатно користење на Wadsl интернет пакетот во период од 1 година со вклучен 15 GB сообраќај. Дополнитено, во рамките на овој проект, Он.нет обезбеди 20 % попуст за сите членови на Ученичките Тимови за Техничка Подршка за користење на овој пакет. На свеченоста присуствуваа и Министерот за Образование Г-дин Сулејман Рушити, Претставници на УСАИД, Г-динот Двејн Ли и претставници на училиштата. |
Последни новости
|