|
|
Новости од Он.нет
Компјутерскиот гениј Марко Чаласан доби 1 година бесплатен интернет од Он.нет
Submitted by admin on Thu, 03/13/2008 - 09:26.
Он.нет обезбеди една година бесплатен интернет за 7 годишниот Марко Чаласан од Скопје, кој е за само два чекора пред да го добие третиот сертификат од Microsoft. Тим на Он.нет пристигна во училиштето на Марко да ја инсталира Wadsl опремата, во лабараторијата на Марко каде ги усовршува своите знаења во областа на информатиката. Со цел тој успешно да се припреми за неговиот трет испит од Microsoft наменет за клиентски оперативни системи, Он.нет му овозможи бесплатна интернет конекицја, кој доколку го совлада ќе биде на само два чекора пред стекнување на третиот сертификат од Microsoft, MCSA (Microsoft Certified System Administrator).
Марко досега има положено два испита од Microsoft наменети за поддршка на клиенти при користење на Windows XP Professional. Тој ги положи двата испита на неполни 7 години и со тоа стана најмладиот компјутерски стручњак во својата област на планетава. Марко е вистински интелектуалец, прав логичар и креативец кој без големи тешкотии совладува материи наменети за возрасни.
Пред него престои голема иднина и успеси кои ќе ја прослават Македонија во делот на информатиката. Он.нет му посакува многу среќа и успех во неговите напори да ги совлада современите технологии, а Он.нет ќе продолжи и во иднина да поддржува вакви талентирани деца. |
Последни новости
|