|
|
Online маркетинг
Предности на Online огласувањето
Интернет маркетинг на Он.нет порталот - брзи резултати, прифатлива цена, големи можности.Откријте ја надмоќноста на интернетот над класичните медиуми, информирајте се за предностите на интернет пезентацијата на вашите услуги и производи. Дознајте зошто порталот Он.нет е најдобро место за интернет презентација и кои се неговите предности. Интернетот претставува најпогодниот медиум за сите видови маркетинг кампањи а он-лајн рекламирањето се повеќе го зголемува својот кредибилитет во светот на бизнисот. Интернет маркетингот е една од економските гранки со најбрза стапка на раст на светот. Ваквиот тренд во последните неколку месеци зема посебно силен замав и во Македонија, каде порталот Он.нет бележи рекорден број на огласувачи и приходи. Како тоа и зошто? Од идеја до реклама за помалку од 24 часа. Брзи резултатиОгласувањето преку интернет ја испраќа рекламната порака точно до вашата целната група и ви дозволува постојан увид во вистинскиот број на посетители до кои таа стигнала. Кратко време на организирање на компанијатаМаркетинг компаниите на Интернет може да ја смислат и реализираат во доста кратко време. Од идеја до реализација не мора да пројде повеќе од неколку дена, Примамлива ценаОгласувањето на интернет можете да го остварите со релативно низок маркетинг буџет. Прималивоста за малите компании е што за само неколку илјади денари ќе можат да излезат од интернет анонимноста а големите компании што се рекламираат он-лајн ќе имаат поголемо влијание на пазарот од слични компании кои рекламираат вон интернет светот. ФлексибилностДоколку некој дел од кампањата не ги дава бараните резултати, таа секогаш може да се адаптира според потребите на странката. Целата процедура трае помалку од неколку часа и нема никаква потреба од преснимување, препечатување или повлекување на плакати. МожностиСите овие предности и надмоќноста над класичните медиуми го прават интернетот совршен партнер на секоја маркетинг кампања. Секоја новина на интернет будно се прати од претставниците на сите останати медиуми, доколку и вашата рекламна кампања е доволно занимлива, сигурно ќе добие и бесплатна реклама од новинарите од другите медиуми. |
Последни новости
|