Solo упатство
Solo упатство
Он.нет тулбар
skopje.on.net.mk

Новости од Он.нет

Саем за вработување и кариера - Job Fair 2008

job-fair.jpg

На 17 Март 2008 година се оддржа свечено отварање на Самот за вработување и кариера Job Fair, во организација на БЕСТ (Бордот на европски студенти по технологија). На Саемот, Он.нет зема свое учество со поставување на штанд и презентација на своите услуги.

Самот започна на 18.03 - 21.03.2008 година и се оддржа на Електро, Машински, Архитектонски и Градежен  Факултет. Целта на овој Саем кој се оддржа четврта година по ред е да ги доближи компаниите до студентите, а на компаниите да им даде можност да пронајдат студенти и млад кадар кои се желни за работа и полни со нови и свежи идеи. Саемот исто така има за цел да  ги поттикне студентите активно да бараат работа, а не пасивно да чекаат вработување.

Он.нет учествуваше на Саемот и им даде можност на стдентите да остават свое CV и да се информираат за започнување на своја кариера. Он.нет е секогаш подговтвен за вработување на млади кадри од кои прозлегуваат многу нови идеи и ќе продолжи и во иднина до поддржува вакви Саеми.

Последни новости

  • На 6th SEEITA & 5th MASIT Open Days Conference во Охрид беше успешно презентирана студентската пракса (internship) организирана од Он.нет, во соработка со Александрија.

  • Најбрз интернет и најевтина фиксна телефонија во едно

    Следејќи ги потребите на своите корисници, Он.нет започна со понуда на две атрактивни услуги. Станува збор за комуникациски пакети со кои корисниците добиваат досега најбрз висококвалитетен интернет пристап од Он.нет, заедно со приклучок за фиксна телефонија од Онтел. Сето тоа доаѓа на една сметка, без претплата и без дополнителни трошоци кон Телеком.

  • Ontel

    На 12 мај официјално со работа започна Онтел, вториот фиксен оператор во Македонија. Тој ќе нуди производи во рамките на фиксната телефонија, со нови и најповолни услови за своите идни корисници.

On.net © 2000-2008