|
|
Новости од Он.нет
Нови услуги од Он.нет
Submitted by admin on Fri, 09/26/2008 - 14:54.
Најбрз интернет и најевтина фиксна телефонија во едно Следејќи ги потребите на своите корисници, Он.нет започна со понуда на две атрактивни услуги. Станува збор за комуникациски пакети со кои корисниците добиваат досега најбрз висококвалитетен интернет пристап од Он.нет, заедно со приклучок за фиксна телефонија од Онтел. Сето тоа доаѓа на една сметка, без претплата и без дополнителни трошоци кон Телеком.
На 19.09.2008г. Он.нет го претстави својот нов пакет DUO EXTREME, наменет за корисници кои имаат потреба од супербрз интернет. Станува збор за пакет кој вклучува интернет пристап со неограничен сообраќај и неверојатна брзина од 10 мегабити во секунда, со вклучен Онтел приклучок за фиксна телефонија. Со овој пакет на корисниците им се овозможува неограничен интернет, неограничени разговори во рамки на мрежата на Онтел, како и 300 бесплатни минути разговор кон мрежата на Телеком. Како дел од својата понуда, Он.нет го претстави и својот DUO LITE пакет, кој нуди интернет пристап со трансфер од 10 GB и одлична брзина од 4 мегабити во секунда. Пакетот опфаќа и бесплатен приклучок за фиксна телефонија од Онтел, со што корисниците добиваат 200 бесплатни минути разговор кон мрежите на Онтел и Телеком. Со своите пакети Он.нет на корисниците им нуди можност да го задржат постојниот фиксен број бесплатно и целосно да ги прекинат сите обврски и трошоци кон Телеком, со што севкупните трошоци за комуникација се значително намалени. Со DUO EXTREME и DUO LITE Он.нет воведе целосно комуникациско решение со кое може да се ужива во суперквалитетен интернет и фиксна телефонија во едно. Подетални информации за пакетите на Он.нет може да се добијат во продажните салони, како и на 02/181. |
Последни новости
|