|
|
Помош и поддршка
Сугестии за безбедна работа на интернет од техничката поддршка на Он.нет
Вируси, тројани, worm-ови, adware и spyware програми можат многу лесно да ја загрозат стабилноста на вашиот компјутер, како и податоците кои таму ги чувате. Најпрво, потребно е детално да се дефинираат горните поими, со цел да се прави разлика меѓу различни штетни програми и последиците кои можат да ги предизвикаат. Штетни програмиКомпјутерските вируси се составени од програмски код кој се пренесува на вашиот компјутер без ваше знаење и работи во заднина против ваша желба. Вирусите можат и самите да се реплицираат и да го полнат вашиот компјутер. Сите компјутерски вируси се создадени од човечка страна. Едноставен вирус кој бесконечно ќе се копира може да се креира релативно лесно, а дури и ваков вирус може брзо да ја исполни целата ваша меморија и да го сруши компјутерскиот систем. Уште поопасни вируси се оние кои можат да се пренесуваат низ различни мрежи и да избегнуваат сигурносни системи. Од 1987, кога ARPANET (иницијалната мрежа од која потекнува целиот интернет во денешна смисла) бил инфициран со вирус, се појавија многу анти-вирусни програми кои периодично или константно го проверуваат вашиот компјутер и го чистат од вируси.
Тројаните се деструктивни програми кои се маскираат како безопасни апликации. Тоа се најчесто програми кои оставаат отворен пат до вашиот компјутер, и додека работите на интернет по тој пат се воведуваат различни вируси. Во некои случаи може и целосно да изгубите контрола над вашиот компјутерски систем доколку некој од друга локација на интернет добие пристап со помош на некој тројан.
Worm-овите (или црви) се само-реплицирачки програми кои самостојно се пренесуваат низ компјутерски мрежи. Црвите „шетаат“ слободно низ интернет, се пренесуваат од мрежа на мрежа и извршуваат определена функција за која биле напишани. Тоа најчесто е собирање или испраќање податоци и оптоварување на битни компјутерски системи низ целиот свет. Повеќето нови црви можат и самостојно да се закачат на сите e-mail пораки и на тој начин да се шират понатаму.
Ова се таканаречени рекламни програми кои прикажуваат рекламни банери и pop-up прозорчиња додека се активни. Понекогаш се инсталираат заедно со бесплатни или shareware програми кои ги симнувате од интернет и претставуваат уште еден начин за рекламирање без ваша желба. Може да се инсталираат и низ сурфање, со или без прашање до корисникот. Најчесто многу тешко се отстрануваат, и по отстранувањето оставаат многу ѓубре низ вашиот компјутер, а во најлош случај го оставаат комплетно нефункционален.
Се инсталираат на ист начин како и Adware програмите, со тоа што овие ја следат вашата работа на интернет, посети на определни интернет страни, програмите кои секојдневно ги користите итн. Овие информации понатаму се користат како стратегија да ви испраќаат рекламни содржини кои би имале релевантна содржина. Ситуацијата со нивното отстранување е иста како и со Adware програмите.
Како да се заштитиме на интернетСега кога се знае разликата меѓу различните видови штетни програми, се преминува на поставување на повеќе нивоа на заштита на вашиот компјутер:
Оперативниот систем на компјутерот (на пример Windows XP Professional) треба редовно да се обновува со последните надградби и закрпи. Опцијата за Automatic Updates е пожелно Анти-вирус програмиСтабилен и доверлив анти-вирусен програм. Вакви програми има многу и во принцип секој си ја врши работата релативно добро. Меѓу оние кои ги препорачуваме се:
За било кој анти-вирусен програм најважно е секојдневно да ги симнувате најновите анти-вирусни дефиниции преку вградените опции за обновување на програмот. Анти-вирусен програм со многу стари дефиниции е речиси исто што и никаков антивирусен програм. Повеќето анти-вирусни програми имаат таканаречен. „карантин“ каде ги чуваат „фатените“ вируси заклучени, и чекаат повремено да ги избришете. За некои определени најнови вируси (најчесто worm-ови), McAfee има конструирано алатка која ги чисти компјутерите токму и само од нив. Програмот се вика McAfee Avert Stinger и можете бесплатно да го симнете од локацијата: http://vil.nai.com/vil/stinger/ Постои уште една важна сфера која тука треба да се земе во предвид, а тоа е секојдневната работа со e-mail. Ширењето на вируси преку e-mail е најраспространетиот начин. Затоа, Он.нет препорачува внимателно да го изберете вашиот e-mail клиент, со цел ваша ефикасна функционалност но и безбедност. Најосетливиот момент во работата со e-mail е отворањето на прикачени датотеки (attachment-и). Вирусите честопати се маскираат како документи и слики кои секојдневно ги примате во вашето сандаче. Затоа е многу битно внимателно да прочитате каков attachment отворате. Доколку е тоа датотека со наставка Најдобра опција е вашиот анти-вирусен програм по избор добро да „соработува“ со вашиот e-mail програм. Тоа значи да е способен да ги проверува пораките додека се примаат и/или испраќаат, и во истиот момент да се „фати“ вирусот доколку евентуално таков постои во некоја порака. Некои анти-вирусни програми се паметни ова автоматски да го прават, додека кај други треба да се конфигурираат POP3 (incoming) и SMTP (outgoing) серверите кои треба да се мониторираат. Firewall (Огнен ѕид)Задача на овие програми е да ја зачуваат приватноста на вашиот компјутер додека работите на интернет. Настрана од она што вие стриктно ќе го дозволите (сурфање, e-mail, итн), огнениот ѕид нема да пропушти ништо друго од вас кон интернет или од интернет кон вас. За секој ваш програм што ќе побара излез кон интернет, огнениот ѕид ќе ве праша дали да му дозволи излез или не. Накусо, со добро подесен огнен ѕид ќе работите на интернет нормално, но сите порти за евентуален несакан влез во вашиот компјутер ќе бидат затворени. Firewall програми кои ги препорачуваме се:
Со редовно обновен анти-вирусени програм и со добро подесен огнен ѕид, веројатноста за заразување на вашиот компјутер од некој вирус, тројан или worm значајно се намалува. Останува само опасноста од adware и spyware програми. Со оглед на тоа што овие штетници најчесто и најлесно се инсталираат како попатна опција при инсталирање други релевантни програми, најбитниот совет е внимателно да ги прочитате сите опции при инсталирање на некој програм и да не дозволите инсталирање на некоја adware/spyware апликација. Најчести вакви штетни програми се Hotbar, Bonzi Buddy, Gator итн. Подолга листа на вакви програми можете да најдете на http://www.spywareguide.com/product_list_full.php. Друга отворена врата за инсталација на adware и spyware програми е користење на програми со сомнителна безбедност Mozilla Firefox (http://www.mozilla.org/products/firefox/); ова е бесплатен програм кој е продукт на повеќегодишен труд на целата интернет заедница да креира интернет прегледник по најнови стандарди, со одлична заштита од рекламни прозори и секакви штетни програми. Интерфејсот е многу едноставен, има опција за импортирање на вашите омилени страни од Internet Explorer, и по инсталацијата можете сигурно да сурфате за помалку од 5 минути. Он! Нет високо го препорачува користењето на овој интернет прегледувач во секојдневната работа на интернет. Opera (http://www.opera.com) уште еден одличен и сигурен прегледувач. |
DNS
E-mail (pop3/smtp)
|