Solo упатство
Solo упатство
Он.нет тулбар
skopje.on.net.mk

Помош и поддршка

Злоупотреба

Злоупотребата на интернет сервисите е се повеќе распространета
и може да биде со најразлична форма.

  • e-mail spam – испраќање рекламни пораки без одобрение или барање од примачот. Најчесто тоа се пораки со понуди за продажба, рекламни циркуларни писма, разни начини за изнудување пари и слично.
  • Намерно или ненамерно испраќање вируси – некои вируси автоматски се испраќаат до сите e-mail контакти без знаење на корисникот
  • Обиди за неавторизиран пристап до туѓи податоци или сервиси

Сите интернет провајдери имаат организирани служби за злоупотреба кои примаат пријави за наводна злоупотреба од страна на нивните корисници, ги истражуваат и преземаат соодветни мерки.

Доколку имате забелешка на некој од корисниците на Он.нет, односно сметате дека ги злоупотребува интернет сервисите, испратете порака до internet-abuse@on.net.mk.

Пријава за злоупотреба

Пријавата задолжително треба да содржи:

  • за e-mail злоупотреба: комплетна копија од e-mail пораката со сите хедери.
  • за неавторизиран пристап: целосен лог од програмот
    за детекција.

Секоја пријава ќе биде детално проверена, и во зависност од резултатите ќе бидат преземени соодветни чекори за траен прекин на злоупотребата на интернет сервисите.

Ве молиме сите случаи да ги пријавувате до нашата служба за злоупотреба исклучиво преку e-mail. Откако ќе го направите ова, ќе добиете потврда дека вашата пријава е примена. Нема да добивате понатамошни известувања за текот на постапката, ниту
ќе може да добиете приватни податоци за корисникот кој го пријавувате.

DNS

ns1 85.30.126.1
ns2 217.16.68.140
ns3 217.16.68.166

E-mail (pop3/smtp)

pop3 mail.on.net.mk
  mail.domain. com/net/org/mk
smtp mail.on.net.mk

mail.domain. com/net/org/mk

On.net © 2000-2008